ТВ од САД објавил аларм: „Зомби напаѓаат – екстремно опасни!“ (ВИДЕО)


Телевизиска станица во американската сојузна држава Монтана вчера одненадеж издала итно предупредување: „Напаѓаат зомбија“ и предизвикала паника меѓу жителите на неколку области.

policijska-država-SAD-virus-zombijiТелопот што се појавил на ТВ-екранот ги предупредувал граѓаните дека „мртвите тела се креваат од своите гробови“ и „ги напаѓаат живите“, јавува Асошиејтед прес. Луѓето не смеат да „им приоѓаат или да ги заробуваат овие тела, зашто тие се екстремно опасни“, пишувало на телопот.

За среќа, телевизијата на својот веб-сајт вели дека „не постои никаква опасност, некој очигледно го хакнал системот за предупредување при итни случаи“.

Експертите го истражуваат случајот. „По првите четири повици за проверка дали тоа е вистина, јас си помислив, Чекај. А што ако е вистина?“, рекол еден полицаец. „Но сега може слободно да им кажеме на граѓаните: нема никакви знаци на станувања на мртви тела од нивните гробови.“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1