Еве кои се насилниците од Келн


По настаните во Келн цела Германија се прашува: “Од каде ги зедоа овие крадци и силувачи?”. Трагите водат кон Мароконски млади, пристигнати во Германија со цел да заработат “лесни пари”, правејќи злосторства- пишува DW.

“Да си фатиш жена со валидни документи за идентификација или дури со европско граѓанство е вистински џекпот”, објаснува Мохамед пред новинар на весникот “Ди Цајт”. Мохамед пристигна пред неколку месеци во келнското соседството Калкан, а пред тоа бил во јужна Италија, каде што за мизерни пари работел како берач на маслинки. Благодарение на WhatsApp и Facebook научил дека ситуацијата во Германија е многу ветувачка.GERMANIJA POLICIJA ISIS

“Тука проституки колку сакаш”

“Тука проститутки колку сакаш”, вели тој, мислејќи очигледно на жените со кратки здолништа, кои се шетаат низ градот, развеселени од алкохолот. Такви жени има и во Мароко, но во Келн нивниот број е многу поголем – особено за време на празници како новогодишната ноќ. “Јас сепак не сум бил со ниедна, бидејќи за жал мораше да работам”, вели Мохамед. Под “работа” тој разбира крадење. И не му е јасно зошто сите во Германија се возбудени толку од настаните во Келн: “Што е толку, та нели никој не загинал”, вели Мароканецот.

Луѓето кои во новогодишната ноќ напаѓаа Келн, се негови пријатели и познаници. Самиот Мохамед е дел од организирана група млади и брутални Мароканци кои напаѓаат низ целиот Северна Рајна-Вестфалија. Тие се добро познати во Келн, Леверкузен и Дизелдолф.

Според податоците на Ралф Јегер, министер за внатрешни работи на Северна Рајна-Вестфалија, приливот на мигранти од северноафриканска земја се интензивирал на неколку наврати во последниве месеци. Како што пишува весникот “Зидојче цајтунг”, во декември минатата година Мароканците за прв пат биле меѓу првите пет многубројни групи бегалци. Многу Марокански и Туниски семејства се потпираат на парите кои нивните синови ги заработуваат во Германија. И Мохамед редовно му праќа на своето семејство по 100 или 200 евра, заработени од кражби. Се разбира, тој не вели на мајка си какво е потеклото на парите што нејзе и ги праќа. А таа му верува, бидејќи легендата за волшебно богатиот Запад и добриот живот во Европа се раскажува насекаде низ сиромашните квартови на Казабланка. Затоа и се повеќе млади Мароканци се упатуваат кон Европа.

Многу од овие придојдени паѓаат во криминални структури. Типичен во овој поглед е т.н. кварт “Магреб” крај железничката станица во Дизелдорф. Инспекторите велат дека во меѓувреме оваа населба се претвори во нешто како нивен “социјален, културен и економски центар”, каде се кријат многу крадци, крадци и други криминалци.

Во провинцијата Северна Рајна-Вестфалија во последниве децении живеат многу северноафриканци, а и повеќето од нив се одлично интегрирани. Првите гастарбајтери од Мароко, кои биле земени како работници во автомобилската индустрија и во рудниците, пристигнуваат тука во 60-тите години на минатиот век. Сосема поинаква е сепак ситуацијата на пристигнувањето на сега младите од Северна Африка. Истражување на келнската полиција покажува дека 40 проценти од над 800-те Мароканци, Алжирци и Тунижани, опфатени со истражувањето меѓу октомври 2014 и ноември 2015 година, извршиле некакво кривично дело. За споредба: меѓу Сиријците овие луѓе се под 1 процент, а меѓу Ирачаните – 2 проценти.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1