Еве кој е македонскиот кардиолог уапсен во Косово


Познатиот македонски кардиолог Борче Петровски е уапсен во големата акција на косовската полиција во која се уапсени познати девет лекари, кои се осомничени за злоупотреба на функцијата, јавуваат косовските медиуми, пренесува Утрински весник.

Весникот „Експрес“, повикувајќи се на извор од полицијата, пишува дека единицата за борба против стопански криминал спровела поширока операција во Приштина и Пеќ, при која се приведени лица обвинети за злоупотреба на службената положба, а меѓу нив има лекари кои работат во болниците, но и на приватните клиники. Наводно, групата потпишувала договори за соработка за обезбедување здравствени услуги кои не се нудат во јавните здравствени установи во Косово, туку во тамошните приватни болници.borce petrovski

Меѓу злоупотребите биле и вградување стентови за што лекарите и болниците имале големи девизни побарувања. Агенцијата „Косова сот“ јавува дека некои од уапсените лекари немале дозвола за работа и за медицински интервенции на срце.

Петровски е поранешен директор на Клинички центар и поранешен директор на Клиника за кардиологија во Скопје. Петровски во Косово бил приведуван и во 2007, но ослободен поради немање на докази. „Експрес“ пишува дека за овој случај биле осомничени и министерот за здравство Ферид Агани и генералниот секретар во Министерството за здравство. Петровски имал приватна болница за срцеви болести во Косово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1