Еве кој го претепал Сергеј Трифуновиќ – откриен напаѓачот


Полицијата го идентификувала мажот за кого постои сомнеж дека синоќа во физичка пресметка го изгризал актерот Сергеј Трифуновиќ. Српската полиција сеуште не го соопштува неговото име, затоа што се работи на утврдување на околностите на настанот.

Според неофицијалните информации Трифуновиќ има рани од одгризоци по рацете. Хрватски „Индекс“ ја пренесува информацијата на пријателката на Трифуновиќ, која вели дека тој е полесно повреден.sergej trifunovic 44

– Бевме на престава, тој потоа продолжи на „Фест“, да гледа некој филм. Огледне и отиде во продавница за брза храна. Го нападна некој пијаница, го гризнал за прстите и тоа е тоа. Нема никаква рана на главата, ниту тешки повреди – изјавила пријателката.

Трифунович по нападот бил преврзан на инфективната клиника, од каде бил пуштен по прегледот и укажаната помош.

Актерот бил најден во близина на ресторан за брза храна изгризан на дланките и со видлива повреда на главата.

Српски „Курир“ повикувајќи се на неофицијални информации пишува дека нападот се слуил изутринава околу 4.30 часот на аголот помеѓу улиците „Молерова“ и „Његошева“. Актерот бил затекнат на улица, изгризан и со видлива повреда на главата, а потоа бил префрлен во болница

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1