Тајна чувана децении: Тито бил подготвен за крајот на светот – бункерот на Златар (ФОТО)


Планината Златар, која се наоѓа во близина на Коњица, со децении ја чувала најголемата државна воена тајна на поранешната СФРЈ, атомското засолниште D-O ARK со 6,845 квадратни метри и повеќе од 100 спални со удобни кревети, како и резиденцијата на самиот Тито.

Најголемата државна воена тајна која што СФРЈ ја чувала со децении!!! Тајниот објект на планината Златар, кој се наоѓа во близина на Коњица, во случај на опасност од нуклеарна експлозија, може да прими 350 лица, од најголемиот воен и политички врв и сите тие можеле да живеат шест месеци без никаков контакт со надворешниот свет.
Планината Златар со децении е чувана од страна на најголемата државна воена тајна служба, на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.


Во ова природно опкружување пред 33 години е изградено атомско засолниште, објект наречен D-O ARK, кое главно било командно место на поранешната југословенска народна армија. За ова освен работници кои се одбирани внимателно и кои морале да потпишат договор во тајност, знаеле само четири команданти по службена должност.
Кога објектот ќе се забележи однадвор, се гледаат три обични куќи опкружени со природа. Меѓутоа ваквите куќи, повеќе од 50 години го затскривале најголемиот воен објект, кој бил трет по значење во поранешната СФРЈ.
Прв е подземниот аеродром Жељево кај Бихач, а вториот военото пристаниште Лора кај Сплит. Изградбата на објектот траело 26 години (1953-1979), а чинело 4,6 милијарди долари.

Во бункерот од болници до кабловска

Во случај на опасност од нуклеарен удар, бункерот бил подготвен да собере 350 лица од највисокиот политички и воен врв на поранешната СФРЈ. Тие можеле да живеат во истиот, цели шест месеци, без никаков контакт со надворешниот свет, затоа се што имало се што е потребно за нормален живот.
Бункерот содржи и простории во кои се наоѓаат 21 системи за одржување. Во неа се наоѓаат две цистерни со 50 тони нафта, два вида на клима, базен со 170 кубици вода, протечна вода и техничка од природен бунар, кој се наоѓал во планината.

Резиденцијата на Тито!

Резиденцијата на Јосип Броз Тито во овој објект е елитно опремена. Се состои од пет простории: Собата за секретарка и странки води кон канцеларијата на Тито, која е поврзана со спалната соба, а од неа се влегува во собата на првата дама на поранешната Југославија Јованка Борз, додека последна е собата за одмор.
Од објектот постои влез за случај на опасност кој не е нацртан на мапата. Води низ брдо над објектот, во висина од 170 метри.
За објектот денеска се грижат пет војници, а истиот му припаѓа на Министерството за одбрана на Босна и Херцеговина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1