– Паричката кај мене – прв се пофали композиторот, продуцент и пејач Роберт Билбилов. Во изминатата година тој направи неколку песни, издаде и своја песна и видеоспот, но најзабележлив успех беа двете балади кои ги направи за Тамара Тодевска заедно со Игор Џамбазов.
Ако во 2013 добиваше само второ место по фестивалите, можеби паричката ќе ѝ донесе многу посреќна година на Тамара Тодевска. И пејачката веднаш ја сподели својата среќа на „Фејсбук“. Таа деновиве ужива во семејната атмосфера, а најмил гостин кај семејството Тодевски е малиот Вук Дапчевиќ, синот на Тијана.
Паричката која носи среќа и бериќет се најде и во парчето бадниково лепче на Сара Мејс. Младата пејачка остави голем впечаток на овогодинешниот „Скопски фестивал“ со нејзината композиција и изведба. 2014-та ја почнува со учество во шоуто „Танц со ѕвездите“.
ZaSe.mk