Адолф Хитлер е еден од најмрачните ликови во човековата историја.
Неговата борба била насочена кон тоа Германија да биде светска сила, за кој тој сметал дека е нејзино природно право, како и воспоставување на апсолутна доминација на ариевската раса.
Немал никаква толеранција за евреите, лицата со посебни потреби, ромите, јеховините сведоци, како сите оние кои им се спротиставувале на нивните идеи.
За време на Холокаустот биле убиени 11 милиони луѓе, од кои 6 милиони евреи, во концентрационите логори Треблинка, Аушвиц, Биркенау… Фактите укажуваат на тоа дека нацистите убиле 2/3 од евреите кои живееле во Европа, а од нив 1.1 милиони биле деца.
Кога се гледа наназад на историјата, станува малку нејасно како еден ваков ум успеал да има толку прврзаници покрај него обединети во една нечовечка идеја?
Но, не било така. Хитлер имал многу непријатели и луѓе кои му се спротиставувале, кои иако не го искажувале тоа јавно, сепак кроеле планови како да тргнат од мрачниот престол нивниот контроверзен водач.
Всушност врз Хитлер биле извршени дури 27, неуспешни обиди за атентат. По секој неуспешен атентат, Хитлер само излегувал јавно и изјавувал дека тоа е доказ оти непобедлив и оти е тука со една посебна „возвишена“ цел да го прочисти светот од нечистотиите…
Ова се сите обиди за атентат врз Адолф Хитлер:
Последниот обид е извршен на денешен ден пред 70 години. Убиството требало да се случи во германскиот штаб „Волчјо дувло“ на источниот фронт, кој денес е на полска територија.
Хитлер требало да одржи важен состанок кој требало да се одржи во бункер. Извршителот на атентат бил полковникот Луфтвафе Клаус Шенк Граф фон Щауфенберг.
Шауфенберг требало да стави актовка со бомба до Хитлер, која требало да го убие, како и сите кои биле на состанокот. Се било совршено организирано, но денот кога се одржувал состанокот бил многу топол, па Хитлер во последен момент одлучил дека состанокот ќе се одржува на друго место, односно во павиљон со лесна градба. Штауфенберг и покрај промената на околностите, направил се што било превидено, ја поставил актовката до Хитлер…но залудно.
Kurir