Еве колку ќе ве чинат новите летови од Скопје до европски дестинации


Компанијата Визер и ТАВ Македонија денес ги најавија новите шест дестинации од Македонија до градови ширум Европа.

Тоа го направија на еден специјален начин, поканувајќи ги децата од Домот за деца без родители „11 Октомври“ да летаат со нив до Охрид.viz air avion

Компанијата ќе отпочне пет нови летови од метрополата до познати европски градови по многу ниски цени.

Летот до Осло-Торп кој сообраќа во понеделник и петок е по цена од 1.799 денари. Исто толку ќе чини и летот до Барселона, секој вторник и сабота. По 1.999 денари ќе чинат летовите до Нирнберг и Фридрихшафен. Најевтин од новите летови е летот до Хамбург, кој ќе чини 1.499 денари секоја среда и недела.

Од охридскиот аеродром воведена е нова рута до Базел-Милхаус, која ќе чини 1.199 денари.

Овие цени важат за билет во еден правец, што вклучува аеродромски такси и една мала торба за кабински багаж.

Истовремено, освен новите летови, се зголемува и фрекфентноста на постоечки рути.

До Малме досега се патуваше пет дена неделно, а отсега седум. До Келн, Франкфурт, Милано и Париз досега имаше два лета во неделата, а сега ќе има три. Од три на четири пати неделно се зголемува бројот на летови до Гетеборг.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1