Штипјанец произведува егзотични растенија – заработува 80.000 евра


Штипјанецот Владо Милановиќ на своите ниви во општина Карбинци произведува егозотично овошје и зеленчук. Овошјето кивано и зеленчукот карела, коe е традиционална храна во Индија, Јапонија и Кина веќе ги продава на македонскиот пазар, а инаку целокупното производство му е загарантирано и се продава на европскиот пазар, пренесува МИА.ovosje

Милановиќ вели дека минатата година на неговите ниви во Карбинци засадил 15 вида на егзотични растенија.

– Од оние кои што ги тестиравме на нашите плантажи успешно се произведуваат девет врсти на егзотични растенија, меѓу кои еве ќе напоменам исклучително се профитабилни индијанската банана, сибирската боровница, а од едногодишните растенија може да кажеме чили пиперката, карелата, киваното, така да тие се растенија, кои тука можат успешно да се одгледуваат, вели Милановиќ.

Тој истакна дека македонските земјоделци се заинтересирани за производство на егзотични растенија, интерес пројавиле земјоделци од струмичкиот и гевгелискиот регион. Годинава на македонските ниви ќе бидат засадени 15 хекатри од овошјето кивано и пет хектари од зеленчукот карела.

Откупот и палсманот на езготичното овошје и зеленчук е загарантиран, бидејќи како што вели Милановиќ неговата фирма има и свој партнер во Хрватска. Забележува дека има иднина во одгледување на егзотичните растенија, доколку се засади индијанска банана на еден хектар, бруто заработката може да биде и до 80.000 евра.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1