Сите претседатели и премиери на земјите во регионот имаат решено станбено прашање, плата од 1.000 евра и нагоре и најчесто штедат во банка, анализира Блиц.
Македонскиот премиер Никола Груевски според Блиц, заработува 1.300 € месечно, нема имот, има уметнички слики и заштеда во банка од 33.000 €.
Претседателот Ѓорги Иванов заработува 1.500 € месечно, има стан од 75 м2 и земјиште вредно 24.000 € и заштеда во банка.
Српскиот премиер Александар Вучиќ е меѓу “најсиромашните” од своите колеги во соседните републики. Тој заработува нешто повеќе од 1.000 евра, и освен стан од 30 квадратни метри нема ништо друго, ни заштеда ни автомобил. Од друга страна, неговата словенечка колешка Аленка Братушек е најплатен премиер во регионот со 4.712 € месечно. Покрај тоа што има имот (куќа, земјиште, овоштарници), таа исто така е сопственик на автомобил “мерцедес” А класа од 2010 година.
Меѓу најпалтените е и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, кој заработува 2.689 €.
Нешто повеќе од Вучиќ заработува црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ – 1.131 евра, но според неофицијалните проценки тој е можеби најбогатиот политичар од сите републики од поранешна Југославија, со оглед на фактот дека покрај недвижности, тој има удели, односно е сопственик на “Капитал инвестмент”, има 25 проценти од компанијата “Univerzitats” и 50 отсто од “Глобал Црна Гора”.
Кога станува збор за претседатели, Томислав Николиќ е меѓу “посиромашните”. Тој заработува најмалку – 1.273 €, но со недвижен имот може да се натпреварува со колегите од регионот. Николиќ има стан од 194 квадратни метри, како и ниви, овоштарници и пасишта кои се околу 14 хектари, заштеда на банката, и има две автомобила “Лада нива” и “Ауди А6”.
Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ заработува речиси три пати повеќе од Николиќ – 3.249 €, има стан, канцеларија, заштеда во банка од 300.000 евра. Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ има стан од 157 квадратни метри и куќа во Сутоморе, како и скромен деловен простор од околу 30 квадратни метри.
Словенечкиот претседател Борут Пахор живее во стан од 80 квадратни метри, има наследено третина од куќа и вози “Рено 4” старо 25 години.
Додик “тежи” 1,5 милиони
Претседателот на РС, Милорад Додик, пријави имот во вредност од околу 1,5 милиони евра, кој се состои од три апартмани и две куќи. Додик има автомобил произведен во 2006 година, во вредност од околу € 20.000. Се занимава со земјоделство и од тоа во 2013 заработил 50.000 евра. Во однос на 2010 година, тој е посиромашен, бидејќи тогаш пријавени имот од 8,3 милиони.