Еве низ каков хорор минале девојчињата кои биле заклучени во Шутка


Вистински хорор преживувале трите малолетнички  на возраст од 14 до 16 години кои биле терани на проституција од двајца браќа макроа од Скопје.

Девојчињата од јуни до октомври против нивната волја биле чувани заклучени во куќа во Шуто Оризари која била во сопственост на вујкото на двајцата браќа А.Р.(18) и А.Р.(21). Браќата токму во таа куќа им носеле клиенти за сексуални услуги на малолетничките, за што наплатувале од 300 до 2.000 денари.

siluvanje maltretiranje devojceПо желба на клиентите пак, девојчињата во придружба на макроата се носеле во хотели и мотели каде во една ноќ давале сексуални услуги на повеќе клиенти, по што се враќале во куќата во Шутка, каде повторно биле затворани.

Двајцата браќа, за да се знае дека девојчињата работат за нив, насилно на нивните раце ги истетовирале нивните имиња, а кога тие ќе одбиеле да даваат секс биле тепани и психички малтретирани.

Спас од суровите неколку месеци бил пронајден откако пред четири дена две од девојчињата успеале да побегнат од куќата и да пријават во полиција. Токму тогаш припадниците на полициската единица „Алфа“ влегле во куќата каде го пронашле третото девојче, а пронајдени и уапсени биле и двајцата браќа.

Против нив е поднесена кривична пријава за детска проституција, а одреден им е и 30 дневен притвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1