Велосипед научил да вози во училишниот двор од најрана возраст. Често се случувало со друштво да замине во градскиот парк. Трианесетгодишниот Давид Анѓеловски во петокот со велосипедот не се врати дома. Беше прегазен на булеварот Илинденска.
Фиат „Пунто“ кое се движело од правец на владата, налетало на момчето кое во тој момент се наоѓало во втората коловозна лента на пешачкиот премин кај градската фонтана. Од ударот со десното крило велосипедотодлетал педесетина метри, а Анѓеловски останал да лежи повреден на асфалтот. Таткото на Давид, уверува – „Мојот син ги знаеше и ги почитуваше сообраќајните правила“.
Тврди, дека со возилото управувала жена со инцијали М.Л. кои ги потврди и полицијата. Поради емотивната состојба во која се наоѓа тој не можеше да деде изјава пред камерата, но тврди дека возачот воопшто не го забележала Давид на пешачкиот премин.
Меѓу некролозите е и овој од семејството Лукаревски тие не се роднини на Давид, а таткото се сомнева дека тоа е семејството на жената која го прегази. Траги на кочење немаше ниту на булеварот. Според него возилтоот е службено, на агенцијата за храна и ветринарство каде што е вработена. Па затоа се сомнева дека и овој случај може да остане нерасчитен, а правдата задоцнета или воопшто да ја нема, пишува Телма
Очевидците кои за сега сакаат да останат анонимни за Телма потврдуваат дека во тој момент на семафорот трпкало жолто светло, што пак според Сашко Анѓеловски е една и од причините за инцидентот. Оваа ситуација е честа на буелварот „Илинденска“.
„Владините и други државни функционери се најчеста причина за нефункционирањето на зелениот бран на булеварот „Партизанска“. Повеќепати дневно владината служба за протокол во соработка со сообраќајната полиција ги исклучуваат семафорите за да помине некој функционер кој оди до своето работно место и назад“.
Ваквиот став на градоначалникот Коце Трајановски кажан неодамна како да не ги предупреди надлежните од МВР
За Телма од кабинетот на Трајановски, денеска велат дека град Скопје ги обезбедил сите услови за одвивање на сообраќајот на булеварите. На Илинденска е поставена соодветна светлосна сигнализација, коловозот е обележан, булеварот е проширен, а има соодветни пешачки и велосипедски патеки. Се останато е во надлежност на МВР велат од град Скопје. Скопјани револтирани поради се почестите сообраќајни несреќи.
Давид е 66-та жртва во сообраќајна незгода за последните 6 месеци. Повеќето од случаите не се процесуирани и стојат во фиоките на обвинителството и судовите. Многу родители скршени од болка ја чекаат правдата и се надеваат на правично судење. Сликите од Давид се на социјалните мрежи што предизвика револт и спонтани граѓански протести.