Мнозинството советници во општина Охрид, донесоа одлука за изградба на мала марина на Охридското езеро, која ќе биде лоцирана кај малото пристаниште во Охрид.
Изградбата на марина и управувањето со неа ќе оди по пат на јавно приватно партнерство.
На истата локација ќе се гради и угостителски објект на самото пристаниште, а предвиден е и простор за градска плажа.
Изградбата на марина би чинела околу 1,3 милион евра.