Група граѓани протестираа против најавата за новиот урбанистички план на карпош 4.
Со дупот се предвидуваат големи локации на кои има паркови и продавници, да бидат пренаменети за изградба на паркинзи и станбени згради со деловни простории, на што тие се противат.
Жителите на овој дел од градот најавуваат дека ќе организираат куќни совети на станарите за запознавање со ситуацијата и ќе потпишуваат петиции за да се спречи како што велат узурпацијата на животниот простор.
Од општина Карпош велат дека деталниот урбанистички план се уште не е стасан на дневен ред пред советниците.