Еве што може да ви се случи ако премногу време поминувате на Facebook и Twitter!


Интензивното користење на социјалните мрежи негативно влијае на самодовербата и го зголемува стравот од другите, покажа неодамнешно италијанско истражување.

Ова всушност ги потврдува резултатите од една јавна анкета што е спроведена пред две години, пишува сајтот Engadget.

Истражувачите наведуваат дека претераната употреба на социјалните мрежи има тенденција кај корисникот да развие недоверба и општо незадоволство.

fejs tviterФабио Сабатини од Универзитетот Ла Сапјенца во Рим и Франческо Сарачино од Заводот за статистика STATEC во Лускембург анализирале одговори на 50.000 Италијани на прашањата дали се задоволни со својот живот, колку често излегуваат со пријателите и колку им веруваат на другите луѓе.

Добиените резултати ги споредиле со степенот на користење на социјалните мрежи, пред сè Facebook и Twitter.

Истражувањето јасно покажало на негативното влијание на социјалните мрежи врз расположението на корисникот. Исто така, докажало дека физичкиот контакт со другите луѓе генерира поголемо лично задоволство, додека виртуелниот поттикнува сомнежи и несогласување.

Меѓу негативните социјални навики што ги поттикнува Интернетот пред сè се дискриминацијата и навредувањето.

Што се однессува, пак, до глобалниот придонес на социјалните мрежи врз човековиот род, италијанските експерти го оцениле како „посебно негативен“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1