Еве што најмногу ви троши струја (листа) – и како да ги намалите сметките


Една четвртина од вкупната потрошувачка на струја годишно оди за загревање на бојлерот. „Затоа, вклучувајте го бојлерот само тогаш кога треба да се туширате“.

Ако се исклучува приклучокот на музичкиот систем и на ДВД при секое излегување од домот подолго од 10 минути, може да се намали годишната потрошувачка за повеќе од 40 кв/ч.

struja stekerФрижидерот треба да се постави подалеку од шпоретот и од други грејни тела и не треба да се оставаат вратата или прозорецот долго отворени. Со тоа се заштедува до 40 отсто електрична енергија.

Истото се однесува и за музички систем, ако постојано се користи состојбата стенд-бај, при што годишно можат да се заштедат до 73 кв/ч. струја. Тоа важи и за компјутер и за принтер, со чие исклучување е можно да се заштедат до 110 кв/ч. , како и за ТВ- приемникот, со што се намалува потрошувачката на енергија за 79 кв/ч.

Доколку се заменат обичните светилки со нови – штедливи, годишната потрошувачка на струја ќе се намали до 25 проценти. При тоа, штедливите светилки со моќност од 20 вати даваат исто количество на светлина како и обична светилка со моќност од 100 вати.

Најголем процент од населението во земјава,  се грее на струја, при што месечните сметки во зимските месеци, главно, не се пониски од 200 евра за стан со просечна големина од 60 квадратни метри. Неопходно граѓаните да знаат колку струја трошат грејните тела и апаратите во домаќинството.

grealkiСпоред енергетските експерти, греалките и калориферите треба што повеќе да се избегнуваат за догревање на собите, бидејќи тие значително трошат струја и ги зголемуваат сметките. Поштедливи се клима-уредите, но сепак, најисплатливи се термо-печките и мермерните панел-греалки.

Климатизерите трошат за три пати помалку струја отколку греалките и тоа за ист ефект на загревање, но доколку не се многу ниски температурите надвор. Клима-уредите треба да се користат главно ако надворешната температура е меѓу 5 и 15 степени, инаку не е рационална нивната употреба.

При тоа, според енергетичарите, поекономични се мермерните панел-плочи, радијаторите на масло и термо-печките, секако, доколку се полнат навечер кога струјата е поевтина.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1