Еве што направи пилот на „Џерманвингс“ еден ден по авионската несреќата!


Германката Брита Енглиш не можела да се ослободи од стравот додека во средата влегувала во авион на „Џерманвингс“, само еден ден откако копилотот урна авион на оваа авиокомпанија во француските Алпи.

Сите нејзини стравови ги снемало кога го запознала пилотот кој требало да управува со авионот на летот Хамбург-Келн.

german wings avion

Пилотот дал се од себе патниците да се чувствуваат безбедно, така што лично го поздравил секој патник кој влегувал во авионот. Кога сите се сместиле, одржал говор стоејќи пред нив во кој рекол дека тој и останатите членови на екипажот имале измешани чувства кога слушнале за несреќата.

Тој рекол дека сите имаат семејства и деца на кои сакаат да им се вратат по работниот ден.

Енглиш опишува како патниците во тишина слушале што зборувал пилотот, а кога завршил добил силен аплауз.

Нејзиниот пост на Фејсбук со несекојдневната случка доби над 328.000 лајкови.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1