Еве што порача Заев од протестот


Дојдовме по нашето, по нашата иднина! Исраќам јасна порака во име на сите нас овде-Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци, од сите луѓе од различни страни на Македонија-Груевски не одлговлекувај, и самиот гледаш заврши твоето.

Во знак и почит како и поддршка на безбедносните сили, Зоран Заев на почетокот на говорот повика со едноминутен молк да им се оддаде почит на загинатите припадници во Куманово.Screenshot_27

-Повикувам и на почит кон патриотите кои го ставија во ризик својот живот и на своите семејства и ги доставија материјалите на опозицијата за да се дознае Вистината за Македонија, рече Заев.

Се измачи вистината да ја види светлината на денот, се измачивме и ние цела деценија да помогнеме да излезе на површина. А сега погледнете извади реки по улиците на Скопје и цела Македонија. Што може сега еднна единица мерка за злостор, за лага, за подлост, за криминал олицетворена во еден лик, кој ни самиот не си го препознава својот одраз во огледалото наспроти овие исправени луѓе? Ништо не може Никола Груевски да направи повеќе, освен да ја напушти оваа зграда пред нас, каде му се одбројани часовите, рече Заев.

Кукавички, од позиција на премиер, слушавме колку сурово се пресметувал со неистомислениците, ги праќал во затвор со пиштол во глава, грабал парцели од граѓаните, се инсталирал во судството и полицијата за да се штити, се одмаздувал, најдрско и безобразно ги злоупотребил безбедносните служби и администрацијата, дури и за името на државата скрижно преговарал, рече Заев.

Сега Груевски се плаши дека ќе било кукавички ако заминел, зарем не е кукавички по се што правел, за рем не е кукавички да се држи во заложништво Македонија, овој собир порачува, со волја или без волја на Груевски, ток ќе замине. Мора да замине, порача Заев.

Друго решение, за кризата која е во кумулативна фаза-нема. За да се врати демократијата, правдата што ја узурпира, за да ја исправиме на нозе Македонија која е фрлена на колена, да ги вратиме избришаните евроспки вредности. Мириса на слобода овој 17 мај, рече Заев.

Решението за излез од една од најсложените политички кризи е Никола Груевски да поднесе оставка, заедно со него Марко Зврлевски и Јован Илиевски, и двајцата продолжеби раце на Груевски и Сашо Мијалков. Оставки да поднесат и раководните структури на МРТ. Неопходно е да се создаде преодна влада, која ќе ги подготви сите услови за фер и демократски избори. Во тој период ќе треба да се создадат услови за независно медиумско известување. Затоа порачувам-дојдовме и не заминуваме додека не го вратиме мирот, спокојот и достоинството на граѓаните на Република Македонија.

Очекувам оваа најсилна порака која ја испраќа Македонија, вака мултиетнички обединета, очекувам од меѓународната заедница да помогне со директно учество, не само со набљудување. Предупредувам дека инатењето на Никола Груевски може да има последици кои никој не ги очекува. Затоа повикувам да помогнат за мирна разврска на кризата.
Тој ги кажа клучните начела за граѓанските приоритети.

-Три и пол месеци ветуваме ова зло дека нема да се повтори. Овој протест испраќа порака дека граѓаните веруваат, и затоа се обврзувам и гарантирам дека МАкедонија ќе биде заедничка држава, стабилно и грижливо мултиетничко општество за сите граѓани кои се родени овде.

24 години Македонија е една држава, две општества. Македонија ќе биде една држава, едно општество, рамноправни граѓани горди на својата татковина. Заврши времето на големите патриоти, кои и да се тие.

Македонија ќе биде пример на социјална држава за сите граѓани, даноците ќе бидат прилагодени според примањата на граѓаните, најавувам ефикасно здравство, ослободено од административни сопки за докторите и медицинскиот персонал, рече Заев.
Образовниот систем ќе биде на темели договорен заедно со студентите, наставниците, професорите. Ќе се намали бројот на предмети во основното образование. Ќе го укинеме експерниот испит. Субвенциите ќе бидат поголеми од сегашните, ќе се фокусираме максимално на привлекување странски инвестиции, но домашните фирми е имаат предност.

Ќе ги тргнеме рацете на политичарите од правосудната власт, сите спорни судси пресуди ќе се преиспитаат. Судиите и обвинителите ќе мора да одлучуваат самостојно, јавниот обвинител ќе се бира на избори или на предлог на опозицијата.

Притворот нема да се злоупотребува, висината на казните ќе биде условена од приходите, владата нема да троши буџетски средства на медиумите, МРТ ќе биде медиум со целосна политичка независност, општествената поддршка на седмата сила ќе биде определана со фонд со кој ќе раководат медиумките работници. Следната влада ќе може да опстои само шест месеци, ако е максимално транспарентна ќе издржи повеќе од шест месеци.

Парлементот ќе биде главен конттролор на извршната власт, премиерот и министерот за финасии ќе мора да учествуваат на јавна дебата на МРТ, тоа ќе е дел од процесот. Парите кои се украдени ќе мора да се вратат назад на народот и државата. Нема да отпуштаме луѓе од јавната администрација, секој граѓани ќе има подеднаква можност за работа из аедно сите ќе ја градиме иднината на Република Македонија.

Престани да го лажеш народот дека некој сакал власт без избори, ние дојдовме по слобода, по слобода во 21 век, по нашето право, право на сите граѓани, да изберат раководство на слободни и демократски избори, рече Заев. Нема веќе лаги Никола, не се мачи повеќе себе си ниту граѓаните. Остануваме пред Владата, оставка мора да има, додека нема оставка не заминуваме, рече Заев и повика сите да се приклучат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1