Еве што значи секој лист од детелината со 4 листа


Детелината со четири листа претставува симбол на среќа, но малку луѓе знаат како настанло ова верување. Всушност, постојат неколку легенди за ова растение.

Една од легендите е од Библијата и вели дека Ева со себе носела детелина со четири листа кога го напуштила рајот.Detelina-4-lista-640x388

Свештениците Друиди верувале дека детелината со четири листа има магични својства. Едно од верувањата било и тоа дека секој кој ќе пронајде ваква детелина добива способност да гледа вештерки и ѓаволи кои може да ги избегне.

Меѓутоа за детелината се верувало дека носи среќа затоа што таа претставува крст, но не како религиски симбол, туку како Соларен или Сончев крст. Некогаш луѓето го користеле овој крст за ориентација, едната линија го покажувала местот каде Сонцето изгрева и заоѓа, а другата ги покажувала другите правци (север-југ).

Секој лист на детелината има свое значење, љубов, надеж, вера и среќа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1