Дали во овие студени денови ви се чини дека батеријата на мобилниот телефон ви се празни побрзо од вообичаеното, ако подолго време поминувате надвор?
Причината за тоа би можеле да бидат студеното време и ниските температури.
На температури под нулата мобилните телефони трошат струја многу побрзо од обично, велат експертите . Повеќето смартфони користат ионски литиум батерии кои го зголемуваат сопствениот внатрешен отпор како што паѓаат температурите. Ова го намалува нивниот капацитет и ги прави помалку ефикасни.
Поголем проблем имаат жените кои својот мобилен телефон го чуваат во чантите, бидејќи мажите обично ги ставаат мобилните во џеб, во панталони, палто или јакна и ги греат со своето тело.
Многу смартфони почнуваат да ја користат енергијата побрзо кога е студено отколку кога е над нулата. Некои телефони се толку чувствителни на студено што ако температурата надвор падне под нулата, батеријата на мобилниот трае двојно пократко.
Телефоните со ЛЦД екран во кои спаѓа и најдобро продаваниот мобилен телефон Ајфон, исто така може да имаат проблем со екранот кога е студено. Боите на екранот се заматени, а фотографиите и текстот стануваат нејасни и избелени а тоа е познато како „ghosting”.
Најдобар начин мобилните телефони може да продолжат добро да функционираат кога малку ќе ги заштитите од претераното студенило и да ги чувате во футрола или во џеб.