Традицијата на носење на бурмите најпрво била практикувана во Европските земји, а денес тоа е широко распространет обичај, чија симболика сите ја знаеме, но малку е познато неговото потекло. Кинезите смислиле едно многу интересно и оригинално објаснување. Според кинеската легенда, секој прст на раката има свое значење и ве претставува вас и
вашето семејство.
Имено, палецот ги претставува родителите, показалецот браќата и сестрите, а средниот прст самиот тебе. Домалото прсте, односно четвртиот прст на раката го симболизира партнерот, додека малиот децата. Постои уште едно симноличко објаснување кое и самите можете да го проверите. Значи, спојте ги врвовите на прстите на двете раце и соберете ги само средните прсти. Обидете се да ги одвоите палците (родителите). Ќе успеете бидејќи би требало да се одвоите од нив во еден момент во животот.
Нема засекогаш да живеете заедно. Потоа, повторно спојте ги. Истото направете го и со показалецот и малите прсти. Ќе можете да ги одвоите. Показалецот ги означува браќата и сестрите, а раздвојувањето укажува и на тоа дека еден ден секој ќе отиде на своја страна. Слично е објаснувањето и за децата – кога ќе пораснат секој ќе отиде на свој пат. Спојте ги прстите и обидете се да ги раздвоите домалите прсти.
Нема да успеете, а токму тоа укажува на нераскинливата врска меѓу вас и вашиот венчален партнер
ZaSe.mk