Луѓето кои одбија да умрат


Постојат луѓе кои оставиле длабока трага во историјата, но некои луѓе ги надминуваат сите овие поради фактот што одбиле да умрат.20141014-lugjeto-koi-odbija-da-umrat-2

Токму така, тие одбиле да умрат.

Тоа звучи чудно. Почекајте, има објаснување.

Ахмед Зогу

Албанскиот крал од 1920-те и 1930-те го држи рекордот за најмногу обиди за убиство извршени на него. Бројот изнесува 50. Во еден обид се пукало од негова непосредна близина и тој бил погоден, но преживеал. Зогу починал од природна смрт во 1961 година.

Григориј Распутин

Тој бил монах кој се сметал за пророк од страна на руското кралско семејство, додека тој ја уништувал популарноста на истото семејство со својата чудна магија и врските со сопругата на Царот. Повеќе руски благородници се обиделе да го отрујат, но не успеале. По неуспешни обиди за труење во период од седум години, еден од благородниците пукал во неговиот грб. Сите мислеле дека е мртов, но тој тогаш започнал да дави еден од нив. Во него пукале уште трипати, а телото му било завиткано во тепих и фрлено во река. Зачудувачки, аутопсијата покажала дека причината за неговата смрт е хипертермија.

Фернандо Магелан

Познатиот истражувач добил заповед да убие непријател на Филипините. Кога тој пристигнал на брегот, непријателот веќе чекал. Магелан бил погоден со отровна стрела и забоден со бамбусово копје, но продолжил да се бори. Потоа неговите непријатели започнале да го тепаат, но Магелан не умрел сè додека не видел дека неговите луѓе не избегале во бродовите.

Црна Брада

Познатиот пират се откажал од работата откако заработил доволно и заминал да живее во Северна Каролина. Гувернерот на Вирџинија тргнал по него заедно со два бродови. Црна Брада се качил на едниот брод и се борел наместо да чека да го убијат. Тој бил забоден 20 пати и во него пукале 20 пати, но тој паднал додека се обидувал да стави муниција во пиштолот и умрел.

Пабло Ескобар

Познатиот лидер на картел кој препродавал 80% од кокаинот во светот во еден период бил цел на специјални сили кои за време на неговото бркање од покривот пукале во него илјадници пати. Ескобар не бил погоден, ами се уморил од трчањето и кога застанал се самоубил со истрел во главата.

Шарл де Гол

Лидерот на Петтата француска република замалку умрел 31 пат поради обиди за убиство. Еднаш, група убијци пукале 140 пати во неговиот автомобил, но тој не бил повреден.

 

Fakulteti.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1