Одбиени 200 барања, Македонците и годинава први за бугарско државјанство


Советот за државјанство на Бугарија ги отфрлил првите 200 незаконски поткрепени барања за бугарско државјанство, откако беа откриени големи пропусти во работата на Државната агенција за Бугарите во странство, во врска со издавањето потврди за бугарско потекло без соодветни докази и документи. Не се знае колку од одбиените се Македонци.

Одбиените барања биле со незаконски потврди за бугарско потекло и роднински врски со Бугарија, туку само со рачно пополнети изјави на кандидатите за бугарска самосвест. Многу од кандидатите, пак, биле муслимани и не го знаеле бугарскиот јазик. Во наредниот период ќе бидат разгледани уште стотици вакви спорни барања.

bugarski pasos
Засилените мерки против пасошката мафија се преземени откако Државната агенција за Бугарите во странство одбила да соработува со Министерството за правда и Врховното обвинителство, кои уште минатата година утврдиле низа недоследности и незаконско работење во оваа институција. Агенцијата, без да ги почитува законот за бугарски граѓани и законот за Бугарите надвор од државата, издавала потврди за бугарско потекло, само врз основа на изјави на барателите

Веќе три дена инспектори од Дирекцијата „Главен инспекторат“ на Министерскиот совет вршат засилени контроли во Агенцијата, а вчера главна вест во бугарските медиуми беше смената на досегашниот в.д. директор Јордан Јанев и одлуката на службениот премиер Георги Близнашки за заменик директор да ја назначи младата Ива Јорданова, досегашен советник во политичкиот кабинет на вицепремиерот Илијана Цанова. Близнашки, изборот на Јорданова, го поткрепува со фактот што таа изминатите месеци имала интензивна комуникација со бугарските граѓани во странство и неопходноста во најкраток рок да се организира работата на Агенцијата и да им се обезбеди достапност до информациите и документите на инспекциските органи.

pasos bugarija

Но, и покрај „чистката“ на надлежните органи, Македонците и натаму остануваат први на листата со добиени бугарски пасоши. Од вкупно 4.578 лица, кои добиле бугарско државјанство во првите девет месеци од оваа година, 1.720 се Македонци. Минатата година, пак, 4.852 Македонци обезбедиле бугарско државјанство од вкупно издадените 7.701 уверение, покажуваат податоците на Министерството за правда на Бугарија.

Веднаш зад Македонците се граѓаните на Молдавија, кои лани добиле 1.613, а годинава 1.063 државјанства. Потоа следуваат Украинците (лани 182, годинава 797 лица) и Србите со бројка од 186 лица минатата година и 273 годинава.

За девет месеци 10.000 барања

Во бугарското Министерство за правда во првите девет месеци од 2014 година се заведени над 10.000 барања за бугарско државјанство, во споредба со целата ланска година кога нивниот број изнесувал 17.512.

Истовремено, заштита во Бугарија годинава побарале 4.139 Сиријци, 1.465 Авганистанци, 258 Ирачани, 146 Алжирци и 209 лица без државјанство.

Dnevnik.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1