Еве зошто не се застарени сметки – фирмите си имале судски печати и ставале дата по свое


Во Македонија, како ретко во која земја во светот, во пракса, сметките за струја, за вода, за парно греење, никогаш не застаруваат, реагираат извршителите. Тие посочуваат дека иако реално има рокови, со тоа што роковите престануваат да течат кога тужбената постапката се поведува, сега во пракса се соочуваат да мора да извршуваат тужби за неплатени сметки кои се поведени уште пред 20 години!, пишува Слободен Печат

smetka radiodifuzija

-Порано, комуналните претпријатија, со некаква регулатива добиле судски печати кои се удираат на тужбите, односно на платниот налог. Ова се провлекуваше уште од поранешна Југославија. Со тоа што ќе се удреше печат на платен налог, практично почнуваше тужбената постапка. Но, она што загрижува, е како е можно во цел период од 10, 15 или 20 години, да нема ниту една постапка од извршен орган. Од друга страна, кога веќе комуналните претпријатија ги имале печатите, кој може да гарантира дека тие не удирале печати и не ставале стари датуми непосредно пред да се предадат овие предмети кај нотарите и извршителите? – прашува извршителот Гордан Станковиќ.

Според поранешен извршен судија пак, судските печати во бивша Југославија, комуналните претпријатија ги добиле без регулатива. Тоа било „службена тајна“, а компаниите имале дури и факсимил на извршен судија, но чисто да ја извршат техничката работа.

Проблемот со печатите влегол и во записникот на седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедницата што се одржала на 22 април 2009 година, кога се разгледувал предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување.

„Голем проблем претставува фактот дека ЕВН (дел од поранешното ЕСМ), но и другите комунални претпријатија биле препуштени самите на себе да ја спроведуваат извршната постапка 20 години наназад. Ако порано оправданието било барано во тоа дека станувало збор за јавни претпријатија, факт е дека комуналните претпријатија веќе преминаа во приватна сопственост – некои од нив и на странски лица, што го прави недозволиво натамошното делегирање на судската надлежност кај истите“, пишува во записникот.

Целата сторија на – Окно.мк / Слободен печат

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1