Еве зошто не треба да ја јадете храната на која слетала мува!


Според новото истражување, речиси две третини од луѓето би ја изеле храната иако претходно виделе дека на неа слетала мува, додека три проценти од луѓето секако би ја јаделе храната и доколку преку неа поминала било каква бубачка.

muvata-i-serioznosta-drzete-se-ponastrana-od-nea-01

Мувите можат да шират зараза бидејќи подеднакво често се хранат со човечка храна и со нечистотии, стои во извештајот на Светската здраствена организација.

“Важно е што повеќе луѓе да ја сфатат здраствената закана која можат да претставуваат мувите и ширењето на разни болести и инфекции. Обичната домашна мува слетува на храната откако претходно слетала на отпадот каде што може да собере различни патогени болести, а потоа ги пренесува на други места”.

Мувата собира организми кои носат зараза додека се храни. Организимите кои остануваат залепени на телото на мувата можат да преживеат се’ на се’ неколку часа, но оние кои мувата ќе ги изеде можат да преживеат во неа и до неколку дена.

WHO наведува дека мувите можат да шират голем број на болести, вклучувајќи инфекција на око, кожни инфекции и дигестивни инфекции како дијареата. Исто така мувта може да пренесува јајца на паразити и црви.

 

Tocka.com.mk

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1