Ова девојче има три биолошки родители


Алана Саринен сака да игра голф, да свири пијано, да слуша музика и да се дружи со пријателите. Во тој поглед, таа е иста како поголемиот број тинејџери низ светот. Само што сепак има една разлика: нејзините клетки. Алана е една од малкуте луѓе во светот кои имаат ДНК од тројца луѓе.

“Многумина велат дека личам на мајка ми, а очите ми се исти како татко ми… Но имам и ДНК од трета госпоѓа. Но не ја сметам за трет родител. Едноставно само имам дел од нејзините митохондрии”, изјави Алана.

alana

Митохондриите често се нарекуваат фабрики за клетки. Тие создаваат енергија за нашите клетки да можат да функционираат, а со тоа и нашето тело да функционира. Но тие, исто така, содржат и малку ДНК. Алана Саринен е една од само 30-50 луѓе во светот со митохондрии, а со тоа и ДНК од трето лице. Ова е вака бидејќи таа е дел од првиот третман на неплодност во САД, кој подоцна беше забранет.

Но наскоро, можно е да има многу повеќе луѓе како Алана, со тројца биолошки родители, бидејќи Велика Британија сака да легализира нова, слична техника со која ќе се користат митохондрии од донатор за да се елиминираат страшните генетски болести. Ова е нарекува митохондрична замена и ако парламентот ја усвои, Велика Британија ќе стане единствената земја во светот која ќе дозволи да се раѓаат деца со ДНК од тројца луѓе.

Алана е родена преку третман за неплодност наречен цитоплазмичен трансфер. Нејзината мајка Шерон Саринсе цели 10 години се обидувала да добие бебе преку различни ин витро процедури.

devojce 3 roditeli

“Се почувствува виновна дека не можам да му родам дете на мојот сопруг. А кога не можете да имате ваше билошко дете едноставно сте избезумени и тоа е единственото нешто на што мислите”, изјави таа.

Цитоплазмичниот транфер за прв пат беше претставен во 90-тите од страна на ембриологот Џек Коен и неговиот тим од Институтот “Сент Барнабус” во Њу Џерси. Коен пренесе дел од цитоплазмата на жена донатор со митохонди во јајце клетката на Саринен, која потоа беше оплодена со спремата на нејзиниот сопруг. Со ова ембрионот доби ДНК од донорот. во Клиниката на Коен беа родени 17 бебиња, со ДНК од тројца луѓе.

“Од 12-те бремености, имаше само еден спонтан абортус, што е очекувано”, изјави Коен.

“А потоа имаше уште еден случј со близначиња од кои едното беше целосно нормално, а другото немаше хромозом Х. Ова нè загрижи и ние пријавивме на одборот одговорен за целиот процес”, додаде тој.

При породувањето сите бебиња биле во ред, но по една или две години кај едно од децата се појавиле знаци на застој во развојот. Според него тешко е да се каже дали абноирмалностите се случајни или се резултат на процедурата. Имало и други клиники кои ја копирале процедурата и затоа споре дпроценките на Коен, во светот има околу 30-50 деца со ДНК од тројца луѓе. Меѓутоа во 2002 година американската Администрација за храна и лекови побара од клиниките повеќе да не ја практикуваат оваа процедура од безбедносни и етички причини.

Бидејќи митохондриите ги наследуваме само од нашите мајки, само женските деца ги пренесуваат необичните генетски кодови.
Ова поле никогаш не било доволно испитано и затоа многу малку се знае во врска со резултатите од менување на генетските кодови.
Шерон Сарине вели дека ќерка $ Алана е здрава и типична тинејџерка.

“Не можев да посакам подобро дете. Таа е интелигентна и убава, и од надвор и од внатре… Сака математика и биологија… и е добра во училиште. Ми помага околу домашните обврски… кога не куца на телефон!”

Таа немала никави здравствени проблеми, освен нормалните настинки и грип одвреме навреме. Здравјето на децата како Алана моментално е под надзор поради одлуката на Британија да ја легализира митохондричната замена. Ова апроцедуара нема да биде достапна за луѓе кои имаат проблеми со плодноста, туку само за оние кои со наследни болесто на митохондриите кои би ги пренеле на своите деца.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1