Еве зошто немате пари – како ни крадат од џебот и за што !!!


Дали некој ужива во тоа да ги троши тешко заработените пари на глупости? Секако дека не, ќе речете. Па зошто тогаш тоа се случува, одново и одново? Откријте каде и како ги губите парите.

Такси и давачки

200496363-001

kupinapopust.mk

Некои давачки мора да се платат, но луѓето обично плаќаат се и сешто само поради мрзеливост и незаинтересираност. Тука на пример спаѓаат каматите поради неизмирување на некоја обврска, членарини за одредени козметички куќи итн. Знаете ли колку многу такси плаќате во банките – за водење на сметка, годишни членарини за кредитни картички и низа други? Седнете и убаво проучете каде одат вашите пари. Доколку некоја услуга не ви е неопходна, а постојано плаќате за неа, откажете ја.

Кафе во кафуле

Речиси и да не постои човек кој во кафе паузата од работа нема да се упати во најблиското кафуле со колегите. Без оглед на тоа дали се работи за кафе, сок или некој сосема трет пијалок, пресметајте колку месечно ве чини тоа. Иако сте во тренд, тоа значително ќе се одрази врз вашиот паричник.

Неискористени услуги

Ова е фрлање пари во вистинска смисла на зборот. Што ви вреди месечна чланарина за фитнес клуб ако сте пошле само 2-3 пати месецов? Или пакетот 3-во-1, за телефон, интернет и телевизија, ако го користите само интернетот, преку кој гледате ТВ, а муабети си правите преку skype? Пред да потпишете било каков договор за членство или користење на некоја услуга, добро размислете дали истата ќе ја искористите во целост. Во спротивно, компанијата со која сте склучиле договор ќе има право секој месец да ви наплаќа за услугата која не ја користите.

Алкохолни пијалоци

alkohol_resize

kupinapopust.mk

Општопознато е дека главниот профит на рестораните, кафулињата и клубовите не е од храната, туку од алхохолните пијалоци. Било каков пијалок и да купите, во кафуле ќе ве чини неколку пати поскапо отколку во маркет. Ова особено важи за алкохолните пијалоци, чија цена е највисока во маркетите, а особено во клубовите.

Најопасно е кога сте во поголемо друштво и ќе и се препуштите безгрижно на забавата. Додека да се свестите, веќе измина полноќ, а вие безуспешно пребарувате по џебовите за да ја наплатите астрономската сметка за неколку пијачки. Сега сфаќате како се чувствувала Пепелашка кога на полноќ кочијата и се претворила во тиква. Келнер, сметката, молам!

На бензинска

benzinska_resize

kupinapopust.mk

Што мислите, зошто речиси на секоја бензинска станица има продавница за грицки и пијалоци? Сигурно затоа што мислат на возачите и нивните сопатници, знаат дека не е убаво да се вози гладен и жеден.

Аха, само продолжете да се залажувате. Кога нареден пат ќе ве фати криза за нешто благо, солено или шише вода, знајте дека овие продукти ќе ги платите двојно поскапо на бензиска станица отколку во маркет. Без оглед на тоа дали патувате на поблиска или подалечна дестинација, секогаш со себе во колата носете грицки и вода.

Брендирана облека

Во ред е да се носи маркирана облека, но понекогаш тоа е едноставно бесмислено. Луѓето купуваат брендови со цел да се почувствуваат подобро/повредно/помоќно во својата кожа.

brend_resize

kupinapopust.mk

Проблемот е во тоа што останатите во вашата околина имаат доволно свои грижи, па најчесто не ги ни интересира кој бренд го носите. Ова особено важи за долен веш, чорапи, вратоврски и панталони.

Доколку не можете без брендови, ограничете го количеството на брендирана облека на неколку парчиња. Не плаќајте за се и сешто. Би се изненадиле колку убаво може да се искомбинира брендирано сако со поевтина маичка.

Цигари

Пушењето е штетно за вашето здравје и финансии. Ако веќе не ви е гајле за здравјето, мислете барем на финансиите. Убаво искалкулирајте колку кутии пушите месечно. Добиената сума помножете ја со 12, за да го добиете годишниот износ.

Потоа таа бројка измножете ја со годините на вашиот пушачки стаж. Неверојатно, зар не?

Гориво

benzin_resize

kupinapopust.mk

Цените на горивата постојано растат, без никаква тенденција за намалување. Има решение и за овој проблем.

Редуцирајте ја употребата на автомобилот, на тој начин нема да трошите толку за бензин. Користете ја колата за подалечни релации, не за посета на другарот кој живее две улици подолу од вас. Ништо нема да ви стане ако се повозите со автобус, наместо да полните гориво секој ден за одење на работа. Верувајте, ќе преживеете.

Флаширана вода

Нема ништо лошо во желбата да пиете чиста и здрава вода. Во многу случаи, водата од чешма е нездрава, загадена и може да предизвика стомачни проблеми. Наместо тоа, се препорачува флашираната  како поздрава алтернатива.

Сепак, секој кој веќе се определил за ваква вода ќе ви потврди дека е мошне исцрпувачко постојано да се трча по нови шишиња или балончиња со вода. Да не спомнуваме колку е тоа скапо.

Најдобра опција е да си купите филтер за прочистување, кој можете сами да го монтирате на чешмата. На тој начин во секој момент ќе имате свежа, здрава и нефлаширана вода.

Полна цена

Empty pockets bespari nevrabotenost

kupinapopust.mk

Тука спаѓаат сите производи кои ги купуваме по полна цена: облека, храна, електроника, обувки, играчки…Речиси секоја недела има акции во маркетите. Секој месец парфимериски попуст. Секоја сезона – распродажба на чевли и облека. Научете ги термините за попусти и искористете ги правилно.

Јадење надвор

Не, не се обидуваме да ве убедиме дека за годишнина или роденден треба да седите дома и готвите за гостите. Сосема е нормално да сакате да вечерате надвор во специјални прилики. Но, ако секој ден се храните со купени сендвичи, гира, пици или секојдневно јадете во ресторан за време на пауза, не е ни чудо што сте без денар.

Купете храна од пазар или маркет, пригответе си ужина или сендвич за на работа. А ако баш веќе обожавате да одите по ресторани, не заборавајте ги купоните

Една од водечките веб страни кај нас за купување на купони за различни понуди со големи попусти е kupinapopust.mk Не заборавајте да ја посетувате редовно ако сакате навистина да заштедите.

Посебно се интересни понудите за патувања (лето 2015), храна, спортските понуди (зумба, пилатес и други), како и услугите од категоријата здравје.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1