Четири тополи вчера се пресечени во паркот спроти трговскиот центар Сити мол. Сечата на дрвја која изминатите месеци се случуваше на повеќе локации низ Скопје, сега стигна и до Карпош 4. Причина е паѓањето на една топола врз киоскот кој лоциран на тротоарот на улицата Љубљанска, пренесува Телма.
Сечата ја извршило Јавното претпријатие паркови и зеленило, кое регирало на повикот на центарот за управување со кризи. Од таму најавуваат дека до крајот на годината ќе се отстранат сите тополи во урбаниот дел од градот.
-Согласно Програмата за работа на Јавното претпријатие за 2015-та година, во која е предвидено да се исечат сите преостанати тополи во град Скопје, за што не е потребен документ – решение, а имајќи ја опасноста од паѓање на преостанатите тополи, кои се наоѓаат веќе до паднатата, екипите на паркови и зеленило ќе ги отстрани и нив, соопшти ЈП „Паркови и зеленило“.
Со реакција се јавија и од партијата ДОМ еве што велат
ДОМ искажува незадоволсто и бара објаснување од ЈП Паркови и зеленило и од Град Скопје за сечата на тополите спроти Трговскиот Центар City Mall, во општина Карпош, со што се предизвика деградација на урбаната животна средина на овој простор. Овие тополи, беа во одлична состојба и нема никакво оправдување постапката која беше спроведена денеска.
На истиот простор да се засадат нови големи садници, со што би се намалила нанесената штета и повторно би се облагородил просторот.
Да се отстрани привремениот објект кој се наоѓа на локацијата, заради кој тополите се исечени по, наводно, нанесена штета врз објектот.