Голема сообраќајка: Автомобил полн млади се заби во цистерна во Ново Лисиче (Видео/Фото)


Голема сообраќајка се случи доцна ноќеска, околу 3 часот наутро во Ново Лисиче во близина на бензиската пумпа на Булевар Србија. Автомобил полн со млади лица се забил во паркирана цистерна за гас која стоела на бензинската.

Од засега непознати причини автомобилот со голема брзина се забил во задниот дел на цистерната но вистинска среќа е што автомобилот не експлодирал бидејќи цистерната се наоѓала на самата бензинска а во нејзина непосредна близина имало и други цистерни. IMG_2339

soo mk2

Според првичните информации 3/4 млади момчиња кои биле во автомобилот се повредени, но биле свесни и се извлечени од возилото во компактибилна состојба. Како што јавува новинарот на MKnews голем број на очевидци притрчале да помогнат а околу момчињата кој биле легнати на земја им помагале и нивни другари кои најверојатно биле со други автомобили.

Според информациите момчињата се млади и биле во свечена облека најверојатно биле гости или пак самите прославувале матурска вечер. soomk55

soomk3

На местото веднаш пристигнала и брза помош, која ги префрлила повредените во болница. Очевидци со апарати за гаснење пожар го прскале автомобилот и цистерната за да не дојде до опожарување.

Нема информација за состојбата на повредените, но според очевидците немале видливи големи повреди на телата по несреќата.

А вчера беше повторно упатен АПЕЛОТ од МВР младите за време на матурските прослави да не управуваат со возила, посебно не во алкохолизирана состојба.

5 момчиња повредени – 3 потешко – детали за сообраќајката во Ново Лисиче (Видео)

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1