Еве зошто се вади зелен картон – и колку чини во околните земји, а колку нас не ,,дерат,,


Според статистичката евиденција што се води во Националното биро, годишно во земјава се продаваат од 120.000 до 130.000 зелени карти . Зелената карта во Македонија се наплаќа дополнително 60 и 90 евра, во зависност од возилото, само доколку возачот го вози надвор од земјава. Во другите земји, со мали исклучоци, зелената карта е додадена во полисата за осигурување без разлика дали возилото излегува од земјата или не.zelen karton kola

Едномесечниот зелен картон ќе ни го олесни малку буџетот кога патуваме во странство.

Сепак вакви цени има само во нашата Македонија. Србија на пример плаќаа претходно при регистрација 15 евра годишно и тој зелен картон им важеше за цела Европа освен за Македонија и за Босна – за кои земји мора да вадат посебно и чини дополнителни 20 евра.

Но последните години во Србија е укинат зелениот картон – а и осигурувањето не е значително поскапено, односно иако зелениот картон е укунат поодамна тоа поскапело дури оваа година – и тоа за мала сума, недоволна за да се каже дека таа давча за зелен картон е причина за поскапувањето. Но за србите кој сакаат да возат низ Македонија и Босна се уште треба зелен картон што ги буни возачите кој не патуваат често во овие земји. Па на граница се принудени да вадат картон кој важи за неколку дена и чини богами многу. Чиста пљачка – коментираат возачите.

Еве зошто се вади зелениот картон

Тоа е еден вид проширување на важноста на задолжителното осигурување од автомобилска одговорност и ги покриваат евентуалните штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство односно во земјите членки на системот на зелена карта. Она што треба да го знаеме е дека зелените картони се географски ограничени на Европа и Медитеранот и земјите кои гравитираат кон нив. Но не сите – овој систем опфаќа вкупно 47 земји: сите европски освен Косово, плус Израел, Иран, Тунис и Мароко. Тоа значи дека ако патувате, на пример, во Египет, ќе треба да платите посебно осигурување. Македонија со Косово има меѓусебен договор па за таму не сме оптоварени со дополнителни трошоци, но ако сте наумиле да возите низ другите делумно меѓународно признати земји или територии, како што се Транснистрија, Абхазија, Јужна Осетија, Нагорно Карабах, Северен Кипар, Палестина и Сахарска Арапска Демократска Република, тогаш ќе платите за осигурување за таму.

Истото ќе ви се случи и ако зелениот картон е погрешно или нецелосно пополнет, како на пример ако нема податоци за марката или регистарскиот број на возилото или истите не се совпаѓаат со оние од сообраќајната дозвола или полисата за осигурување од трети лица, ако му е изминат рокот на важење или пак тој не се совпаѓа со важењето на полисата, нема податоци (име и адреса, потпис и печат) за осигурувачот, ако е оштетен, скинат или од него не може да се утврди содржината, има прешкртувања, преправања на букви или броеви и слично. Во такви случаи пред патување во странство треба да се побара нов зелен картон.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1