Ако сакате да направите трик со кој дури и најевтината облека ќе ви изгледа отмено и скапо, задолжително почитувајте ги овие 7 правила:
1. Облека со набрани делови
Покрај тоа што првичната намена на наборите е да ги сокријат недостатоците, може значително да го намалат квалитетот на облеката. Наместо тоа, бирајте облека со строги линии или ако веќе сакате нешто поинакво, одберете точно обликувани фалти наместо лежерни набори.
2. Нитни и бижутерија зашиена за облеката
Бижутеријата не секогаш делува модерно, посебно не кога е закачена за вашата блуза. Посебно ако ви се откачи некој циркон, дури тогаш вашата маичка или џемпер ќе изгледа евтино и износено. Затоа одбирајте едноставни парчиња облека. Накит секогаш можете да додадете.
3. Темна плетена облека
Првите неколку носења може да ви делува прекрасно, но по неколку перења и сушења боите избледуваат. Па, наместо да се нервирате зошто омилената црна ролка веќе ви е за фрлање, подновете се со бела или некоја друга светла боја. Ќе делува свежо и чисто.
4. Тантела
Можеби сакате да изгледате отмено и префинето, но тантелата сè повеќе ги губи овие карактеристики. Наместо евтините реплики кои се лесно достапни во секоја продавница, одберете едноставен фустан со мрежест дел или маичка на која тантелата е само украс.
5. Мали, комплицирани принтови
Колку помал и покомплициран е принтот и шарата на вашето здолниште, толку поголеми се шансите да изгледа евтино и износено. Наместо тоа, фокусирајте се на графичките принтови кои делуваат секогаш модерно.
6. Соодветна големина
Соодветната големина дефинитивно е најважна. Ако ракавите се предолги или работ кај рамениците ви е на средина на раката, облеката ќе изгледа евтино и смешно. За да ја избегнете погрешната големина на јакни, сакоа или џемпери, пробајте повеќе броеви. Големините веќе не се стандард.
7. Несоодветно поклопување на шарите
Кога и да пробувате шарена облека со дезен, задолжително проверете ја симетријата. Ако е кошула – закопчете ја. Ако е здолниште – добро разгледајте го од сите страни. Ако шарите не се поклопуваат, дефинитивно ќе делувате евтино и тука нема двоумење.
Popara.mk