Европа го бара ова дете: Киднапиран е – мигрант го зел за полесно да ги мине границите


Се сомневаат дека е киднапиран во Турција: Малечкиот Азам Алдахам (5) последен пат е виден кон крајот на септември во Белград. Бил во придружба на маж кој се претставувал како негов татко.

Азам Алдахам (5), малечкиот несреќен Сириец последен пат бил виден на крајот од септември во Белград со скршена вилица. Момчето било во придружба на маж кој прво се претставувал како негов татко, а подоцна и како вујко.Screenshot_90

Додека го прегледувале докторите во Блеград на клупа на дожд, тој само викал: „Ја сакам мојата мајка, ја сакам мојата мајка!“

После инсистирање, малечкиот сепак бил одведен во болница, но после тоа му се губи секоја трага. Иако докторите рекле дека ќе треба да остане неколку дена во болница, веќе следниот ден детето исчезнало.

Други бегалци раскажале дека Азам го удрил автомобил во Македонија додека спиеле и оттогаш никој не му пружил прва помош додека не стигнале во Белград.

На социјалните мрежи се шпекулира дека човекот кој го следи малечкиот Азам го користи за полесно да ги преминува границите.

Приказната за ова момче е објавена на BBC и во потрагата по момчето се вклучила и организацијата Save the Children, а за неговото исчезнување е бил известен и УНХЦР.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1