Како да аплицирате за работно место во Германија?


Германските јазични вештини како и уникатните формални документи за аплицирање се едни од главните фактори за аплицирање за работа во Германија. Исто така, потребно е да знаете неколку техники за интервју со кои ќе се соочите, а кои ќе бидат нови за вас.

Голем број атрактивни работни места постојано се објавуваат, а за нив сигурно не знаете. Myron Panczuk во својот блог на ЛинкедИн нуди неколку практични совети како себеси да се подготвите за германскиот пазар на труд.

rabotnici

Изберете го вистинското работно место

Голем број од работодавците се фрустрираат кога ќе прочитаат CV или мотивационо писмо кое не се совпаѓа со барањата за работата објавени за огласот за работа. Тоа покажува дека кандидатите за работа навистина не ги прочитале барањата во огласите за работа. Така на пример, на огласот кандидатот чита „клучен менаџер за продажба“, и се решава да аплицира за работа. Тој се надева дека ќе ја добие работата бидејќи е одличен и искусен професионалец за продажба. Меѓутоа она што тој очигледно не прочитал е дека работното место бара решавање на софтверски решенија за болниците, а тој има искуство само за мобилни телефони.

За самиот кандидат е губење на време додека аплицира на погрешни работни места кои не одговараат на неговите способности. И нормално, фрустрирачки е кога повторно ќе биде одбиен. Решението е да го прочита огласот добро и внимателно.

Прилагодете ги вашето CV и мотивационо писмо

Ако внимателно сте го прочитале огласот за работа и сте одлучиле да аплицирате, сега е време да ги покажете вашето мотивационо писмо и CV. Особено ако сте дипломиран студент без искуство или со мало практикантско искуство. Потребно е да нагласите дека ги имате сите вештини кои се бараат во огласот. Така на пример, сте студирале маркетинг и сте станале магистер по маркетинг. Сте научиле многу за маркетингот во текот на тие пет години. Доколку аплицирате за бренд маркетинг позиција тогаш важно е да ги потенцирате работите што сте ги научиле за бренд маркетинг.

Истражувајте пред да аплицирате за работа

За да го прилагодите вашето CV и мотивационо писмо потребно е да знаете некои основни работи за компанијата за која сакате да аплицирате за работа. Ако аплицирате за маркетинг позиција тогаш знаете дека постојат многу маркетинг дисциплини, методи, техники и инструменти. Исто така знаете дека треба да изберете разни алатки од вистинската кутија во зависност од пазарот, индустријата, производот и така натаму. Потребно е да го пронајдете сето ова кога аплицирате за работа. Потребно е да направите истражување за компанијата за која сакате да аплицирате. Доколку ве прашаат на интервју: „Зошто сакате да работите во оваа компанија?“, а вие одговорите: „Бидејќи е успешна и е лидер на пазарот“, работодавецот сигурно ќе возврати со прашањето: „Колку успешна?“ Затоа потребно е да го знаете одговорот. А можете да го знаете само доколку детално ја истражувате компанијата. А Германицте посебно обрнуваат внимание на истражувањата.

Искористете книги, тренинзи и пријатели за да ги проверите вашите напори за аплицирање

Аплицирањето за работа е лично нешто. Многу луѓе овој факт си го задржуваат за себе, што има голема смисла. Сигурно за ова нема да зборувате со вашиот шеф и вашите колеги. Постои поговорка во Германија: „Четири очи гледаат повеќе од само две“. Затоа добро би било вашите пријатели да ве проверат кога аплицирате, споредувајќи ја вашата апликација со огласот за работа.

Компаниите бараат чесни, кредибилни и автентични кандидати. Но, се случуваат кариерни празнини. Тоа може да ви се случи и вас, а можеби им се случило и на луѓето кои ве интервјуираат.

Прашувајте паметни прашања

Многу кандидати забораваат една клучна цел на интервју за работа. Не само што им дава на компаниите можност да го изберат вистинскиот кандидат, туку му даваат можност на кандидатот да го изберат вистинскиот работодавец. Сепак, германските интервјуа не често обезбедуваат доволно време за тоа, меѓутоа дефинитивно кандидатите можат да влијаат врз овој факт. Тие можат да откријат преку истражување на компанијата, индустрискиот сегмент итн. Исто така, тие можат да прашуваат паметни прашања за време на интервјуто. Немојте да чекате работодавците да ви постават прашање. Идеалното интервју треба да биде разговор помеѓу две еднакви страни. Но, кандидатите мораат да бидат самоуверени за да можат да се сносат со ваква улога. Прашањата треба да бидат паметни и на крај самиот кандидат да го сврти интервјуто како да е за него – како да прашува прашања за тоа дали таа компанија е правилна за него.

 

Факултети.мк

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1