Европа ќе ги забрани пластичните ќеси


Европскиот парламент се изјасни денеска за забрана на некои пластични материи, кои ги смета за најопасни или пак нивно големо намалување, или пак постепено елиминирање, како пластичните кеси за една употреба, јави дописникот на МИА од Стразбур, пренесува МИА

najlon kesi2Европската унија треба исто така да утврди, според европратениците, амбициозни цели во областа на рециклирањето на пластичните материи, имено овој вид на валоризирање преставува само 25 отсто од отпадот и 33 отсто за отпадот од амбалажите.

Оваа резолуција предложена и изработена од италијанскиот европратеник Виторио Проди, треба да доведи до предлог од Европската комисија пред идните европски избори.

Европскиот парламент во резолуцијата потсетува дека пластичниот отпад преставува од 13 до 25 милиони тони годишни во ЕУ, односно 40 отсто од тој отпад се амбалажа. Во текот на 2010 година во земјите од ЕУ биле во промет 95,5 милијарди пластични ќеси, од кои најголемиот број за само една употреба.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1