Европа на нога – генерални штрајкови во 23 земји


Работнички синдикати за првпат заеднички протестираат против политиките на владите кои предвидуваат економски мерки за штедење. Во Шпанија и Португалија генералниот штрајк ќе биде за првпат организиран на ист ден. Штрајкови ќе има во Италија, Грција, Малта и во грчкиот дел од Кипар.


Конфедерацијата на европски синдикати под наслов Европски ден на солидарноста и протести, демонстрации ќе се одржат во 23 држави.
Грција од почетокот на 2010 година вкупно 26 денови беше парализирана од генерални штрајкови на вработени во јавниот сектор.
За првпат во историјата Шпанија во која невработеноста е 25 отсто, ќе се соочи со два генерални штрајкови во една година.
Утрешниот генерален штрајк ќе биде трет во изминатите 16 месеци во Португалија, каде се намалени платите, а цените за превоз, здравствени услуги, даноци и режиски трошоци се зголемени.
Генералниот секретар на Конфедерацијата Бернадет Сегол најави протести во 23 држави во Европа. Таа укажа на важноста од заедничко дејствување на граѓани од сите европски држави каде политиките за штедење предизвикале ослабување на економиите, а монетарната унија е на раб на пропаст.

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1