Европа одлучи – од полноќ отвора нови кампови за бегалци на Балканот


Прифатните капацитети во Грција и на Западен Балкан ќе бидат зголемени на 100.000 места, од кои 50.000 ќе бидат само во Грција, а припадниците на европската агенција Фронтекс ќе ги надгледуваат граничните премини и регистрацијата на точките на премини меѓу Србија и Хрватска, се одлучи на мини самитот во Брисел за мигрантската криза.

Европската унија и лидерите на балканските земји доцна синоќа во Брисел договорија план во 17 точки за заедничко решавање на работите околу огромниот прилив на бегалци преку Балканскиот Полуостров, информира рано утринава Европската комисија, а пренесоа британските медиуми.bura-od-migranti-630x315

Целта е, пренесуваат американските медиуми, да за забави движењето на десетиците илјади мигранти.

Една од поважните мерки, пишува Танјуг, е во Грција до крајот на годината да се зголемат прифатните капацитети за 30.000 места, а Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во Грција да обезбеди уште 20.000 места.

Покрај тоа, ќе се инсистира создавање дополнителен капацитет за прифат на 50.000 лица во земјите северно од Грција, што значи вкупно 100.000 долж западната балканска маршрута и Грција.

„За да го заштитиме Шенген, ние, исто така, треба да го зајакнеме управувањето на границата меѓу Грција и Македонија, Албанија и Србија во соработка со Фронтекс. Покрај тоа, ние во рок од една недела ќе распоредиме 400 полицајци во Словенија“, рече Јункер.

Како што беше соопштено некаде по полноќ во седиштето на Европската комисија се превидува да се отворат места за 100 илјади бегалци во прифатни центри, од кои половината во Грција, а останатите долж балканската рута. Важен дел е и регистрацијата на бегалците што треба да се изврши пред да влезат во Македонија.

Бегалски кампови нема да има во Македонија која ќе остане транзитна земја , изјави по самитот претседателот Ѓорѓе Иванов и рече дека капацитетот е привремено да прими најмногу 2.000 бегалци.

Предвидена е поддршка за пограничната агенција на ЕУ – Фронтекс, на границата меѓу Бугарија и Турција, како и да се утврдат задолженијата за Фронтекс на надворешните копнени граници меѓу Грција и Македонија, како и меѓу Грција и Албанија, со фокус врз контролата на премините и регистрирање на бегалците кои не се регистрирани во Грција.

Договорено е, во соработка со Фронтекс да се детектираат нерегуларните гранични премини и да се помогне во регистрацијата на мигрантите и земањето отисоци од прсти во Хрватска.

Една од мерките е воздржување од олеснување на движењето на мигрантите на границата на другата земја. Во соопштението се наведува дека не е прифатливо бегалците да се „префрлаат“ кај другата земја.

Меѓу мерките е и ангажирањето на уште 400 полицајци во Словенија во рок од само една недела, како и засилување на напорите за олеснување на враќањето на мигрантите на кои не им треба меѓународна заштита и засилување на соработката за репатријација со Авганистан, Бангладеш, Ирак и Пакистан.

На повисоко ниво ќе се крене и заедничката поморска операција „Посејдон“ во Грција, особено присуството на Фронтекс во Егејско Море и значајно ќе се засили поддршката за Фронтекс во Грција при регистрирање на мигрантите и земањето отисоци од прстите.

Воедено, треба да се утврдат контактни точки за дневна размена на информации кои се однесуваат на движењата на мигрантите, размена на информации за движењето и бројот на бегалци кои се движат. Во таа размена на податоци ќе бидат вклучени Фронтекс и канцеларијата на ЕУ за азил – ЕСАО.

Предвидено е да се контактираат и финансиските институции, вклучувајќи ја Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој, се со цел да се обезбедат финансиски средства за прифат на бегалци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1