По 20 години Хаџиски седна на обвинителната клупа: „Не се сеќавам дека ја убив Мери”!


Миле Хаџиски, најбараниот убиец во Македонија кој пред 20 години брутално ја уби својата девојка, по што успеа да и побегне на полицијата, денеска конечно седна на обвинителната клупа. Македонецот кој за време на убиството имал 21 години, во судницата тврдел дека не се сеќава на ништо, јавува Телма.meri mile hadjiski

Во исказот во Судот, убиецот раскажал дека таа вечер пиеле со убиената Мери Јошевска и дека потоа се разбудил следното утро во крв. Вели дека не се сеќава што се случило, но дека не е убиец.Не се сеќавам на ништо, со вие зборови денеска пред судот се бранеше Миле Хаџиски кој на повторениот судки предмет се товари за свирепо убиство врз Мери Јошевска  извршено пред 20 години.

Хаџиски тврди дека не е убиец.

Миле Хаџиски во 1993 година кога имал само 21 година со 40 убоди со нож ја убил Јошевска. Тоа беше едно од најсуровите убиства во Македонија. Расправијата меѓу Хаџиски и Јошевска почнала напладне во нејзиниот стан. Тој најпрвин почнал да ја дави со раце, а потоа со кристален пепелник ја удрил двапати по глава и со кујнски нож почнал да ја боде во пределот на главата и стомакот. Основниот суд Скопје 2 го осуди на 20 години затвор. Семејството на Хаџиски за време на судскиот процес изјавуваа дека тој не бил виновен за убиството на девојката. Мајката и братот на Хаџиски тогаш изјавуваа дека имало пропусти во истрагата. Семејството на Јошевска го поврзуваа со тогашен министер со слично презиме и се сомневаа во законитоста на постапката.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1