Европскиот парламент(ЕП) е ’вознемирен’ заради изјавите на албанскиот премиер Еди Рама во кои шпекулираше за обединување на Албанија и Косово.
Тоа беше нагласено во соопштението на ЕП по усвојувањето на Резолуцијата за Албанија во која се подвлекува дека улогата на Тирана во јакнењето на регионалната соработка и се „поздравува политичката волја да се подобрат нејзините односи со Србија“.
Европските парламентарци ја „охрабруваат Албанија и Србија да преземат нови мерки и да ги даваат изјавите во насока на регионална стабилност и соработка и добри соседски односи“.