Аларм од жолта фаза во Скопје и пелагонискиот регион прогласи денеска европската метеоролошка станица. Предупредувањето се однесува на врнежи од дожд.
Локално во западните и во северозападните делови врнежите ќе бидат пообилни, каде се очекува над наврне над 25 литри на м/2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, во западните делови повремено ќе се засилува. Т максимална од 14 до 20 степени.
Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, повремено ќе бидат обилни. Температури до 15 степени.