Европски полицајци со далечинско ќе сопираат и македонски возила


Полициски службеници од ЕУ ќе можат во секој момент да ги контролираат автомобилите што се возат во Македонија, да им го исклучат моторот, да ги сопрат кога сакаат, како и точно да ги лоцираат.

DriverОваа можност засега е само идеја, а ќе стане реалност ако Европската комисија ја усвои директивата според која до 2020 година сите возила продадени на пазарот во ЕУ ќе мора да имаат вграден систем за далечинска контрола поврзан со полицијата.

Иако Македонија с` уште не е членка на ЕУ, ваквите уреди за далечинска контрола ќе бидат присутни и кај нас, имајќи предвид дека најголемиот дел од автомобилите што се возат во земјава се увезени од ЕУ. Притоа, повеќето од нив се половни. Засега не е познато дали обврската за вградување вакви уреди ќе биде задолжителна и за половните автомобили што се продаваат во европските земји.

Машински експерти од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата објаснуваат дека вградувањето вакви уреди и користењето на системите технички воопшто не е комплицирано и не е спорно. Но, спорен е правниот аспект, односно дилемата дали со обврската за нивно задолжително вградување не се нарушуваат човековите права и слободи.

Дневник.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1