30 дена притвор за началникот и едeн инспектор – другиот се договорил и го признал делото


Триесетдневен притвор за началникот и еден од инспекторите, додека другиот инспектор се договорил да го признае делото во замена за две години затвор. Ова е епилогот од вчерашната средба на тројцата службеници на МВР кои беа осомничени дека земале мито од 2 илјади евра со Обвинителството.

aps-inspektori-500Еден од инспекторите, откако бил соочен со деталите кои неговите колеги денови наназад ги собирале против митаџиите се договорил со Обвинителството. Тој спогодбено ја прифатил понудата на обвинителот и случајот воопшто нема да оди на суд, а тој ќе треба да одлежи 2 години затвор, но ќе добие и отказно решение од МВР. Ваква можност на обвинителството му даваат новите измени во Законот за кривична постапка.
За разлика од него, началникот од крвни деликти и другиот инспектор не прифатиле договор со обвинителот, па ним им беше одреден по 30 дена притвор, а за тоа дали и каква казна ќе добијат, ќе одлучува судот во редовна кривична постапка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1