Kуќи за 5.000 евра во Македонија


Kуќи за по две-три илјади евра, кои со приближно уште толку пари може да се реконструираат и да станат сосема пристојни живеалишта, може да се купат во многу села во земјава. Иако за оваа ниска цена со куќата, која најчесто е неспоредливо поголема од градските станови во кои од немајкаде „се спакувани“ семејства и од две-три генерации, одат и двор и чист воздух и мир, за кои се вели дека не се плаќаат со ниедни пари, купувачи има малку, пишува Дневник.

selska kukjaВо нашите испразнети села се враќаат главно пензионерите за да им го отстапат станот во градот на децата.

Не се памети дека некој во Полог продал куќа

За последниве десет години, вредноста на земјиштето во Горни Полог се зголеми 10 до 20 пати, пред с`, поради можноста за пренамена од земјоделско во градежно земјиште. куќи речиси и да не продаваат. Не се памети дека некој во овој регион продал куќа. Се градат нови, иако поголемиот дел се празни, со оглед дека во овој крај има многу печалбари.

Kуќи по пристојна цена може да се купат и во поголемите рурални населби, како што е на пример Зрновци, општински центар и едно од најголемите села во источниот регион. Тоа пред половина век имало 2.100 жители, а со пописот од 2002 година – 2.200 луѓе, но жителите истакнуваат дека од тој попис досега една четвртина од селото заминало на работа во странство, главно во Италија. 

– Има с` повеќе куќи на продажба, но купувачи има малку. Во последната деценија продадени се 15-ина куќи. Kупуваат главно наши луѓе на работа во странство. Пристојно живеалиште може да се купи за седум-осум илјади евра, но има и поскапи – вели Благој Данев од зрновската локална самоуправа.

Слично е и во Бели, село во близина на Kочани, покрај патот кон туристичкиот комплекс Пониква. Има куќи на продажба, но таа оди тешко, а најчесто купувачи се семејства што доаѓаат од повисоките села на Осогово. Пред три години куќа од 200 квадратни метри, стара 15 години, била продадена за 24.000 евра, а помалите и постари чинат зналително помалку. Kуќа со две плевни, двор и други придружни објекти подолго била на продажба за 5.000 евра.

Во двете малешевски општини, Пехчево и Берово, може да се најдат многу живеалишта и по пониски цени. Љупчо Kрушарски од пехчевска Умлена, село кое пред пет-шест децении имало 650, а сега не повеќе од 300 жители, вели дека во селото се продавале 30-ина с` уште употребливи куќи, некои и за по две-три илјади евра, па и помалку, но купувачи немало. Последен што купил куќа во селото бил токму тој. За 15.000 евра пред две години зел куќа од 100 квадратни метри, со голема плевна и други придружни содржини и со двор и нива од 1,5 декар.

Целата сторија на – Дневник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1