Tргнуваат: Иванов од Охрид, Пендаровски Универзална , Поповски Лептокарија, Халими Чаир


Кампањата за претседателските избори започнува на 24 март во понеделник.

pretsedatelski kandidati

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник претседателската кампања ќе ја започне во Охрид, од каде редовно ги започнува своите изборни активности. Кандидат за претседател на партијата е актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов.

СДСМ кампањата за претседателските избори ќе ја започнат со Конвенција што ќе се одржи во Универзаланата сала. Ќе го промовираат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.

ГРОМ и кандидатот за претседател Зоран Поповски кампањата ќе ја почнат во Лептокарија, во Општина Карпош во Скопје, каде во 19 часот ќе одржат голем централен митинг.

Партијата, како што велат, ќе води исклучиво позитивна кампања, без навреди и говор на омраза.

ДПА  ќе оди на принципот од врата до врата. Илјаз Халими во понеделник во 18 часот ќе се претстави на митинг во скопски Чаир.

Првиот круг на петтите претседателски избори ќе се одржи на 13 април, додека вториот круг од изборите на 27 април.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1