Европскиот суд ја казни Италија бидејќи не легализирала истополни заедници


Италија, единствената западноевропска држава која го нема уредено статусот на истополни заедници, осудена е во вторникот Европскиот суд за човекови права (ECHR) поради таквиот пропуст.

Пресудата уследи три дена откако премиерот Матео Ренци вети дека законот ќе биде донесен до крајот на годината, по неколкугодишната жолчна расправа и противење на Католичката црква.gej

Иако италијанскиот закон не забранува хомексулани бракови, дефиницијата за брак ограничена е на заедница на маж и жена.

Италија е прогласена за виновна за кршење на членот 8 на Европската конвенција за човекови права со која се гарантира правото на пошитување на приватени семеен живот.

„Постоечката правна заштита на истополните парови во Италија не само што не ги задоволува основните потреби на партнерите со стабилни врски, туки не е ниту доволно сигурна“, оцени ECHR.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1