Има 840 милиони долари, а живее во приколка


Кога би сакал, Тони Шеј може да купи цел остров, со оглед на фактот дека нето вредноста на неговото пријавено богатство изнесува 840 милиони долари.CEu8poUUkAAjvkn

Меѓутоа, директорот на малопродажната компанија „Запос“ (Zappos), која преку интернет продава облека, повеќе сака да живее во својот камп.

Тоа, всушност, не е обичен камп, туку е преполн со луксузни приколки. Во заедницата која се наоѓа во Лас Вегас, милионерот живее со алпака, неговото домашно галениче.Playboy-Interview-Tony-Hsieh-p.-49-left-by-Marius-Bugge

Целта на Шеј е да го претвори Лас Вегас во светски бизнис и забавен центар, а во кампот вложил дел од парите, или вкупно 350 милиони долари, кои сака да ги инвестира во градот.

Кампот има заедничка кујна и транспортен контејнер, а навечер се организира логорски оган.

Луксузните приколки се опремени со најсовремена технологија. Внатре се обложени со дрвена ламперија, приборот и садовите се од челик, а секоја приколка има стерео уреди и два ТВ приемници.B6eMCN_CcAAIQdQ

Шеј и претходно бил прогласуван за најскромен милионер.

– Парите за Тони се само средство за остварување на конечната цел – рекол Ерик Мур, човек кој инвестирал во “Zappos”.

„Парите едноставно не му се важни. Доколку му останат милион долари, тој ќе вложи 999.999 во Лас Вегас. Би бил подеднакво среќен и доколку има само еден долар во банка, окружен со луѓето кои ги сака.“

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1