Ердоган има страшна тајна – неговата ќерка ги лекува терористите на ИСИС


Најмладата ќерка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , Сумеја Ердоган (30) во тајна воена болница во градот Санлиурф, недалеку од сириската граница, ги лекува ранетите терористи на Исламската држава (ИС) кои од военото поле во Сирија секојдневно се довезувани со камиони со турско знаме.

Инаку Суреја има завршено на Лондоснкиот колеџ за економски и полтички науки и се шпекулира дека покрај својот татко ќе влезе во политиката.Erdogan-kjerka3

Застрашувачките наводи за соработката на Турција и најкрволочните екстремисти на денешницата се обелоденети по еден ден откако 18-годишна терористка, следбеничка на ИС, се разнела со бомба во турскиот град Суруч и убила 32 млади луѓе.

По најновиот масакр, порталот „Масдар њуз“ потсетува и на тоа дека претседателот Ердоган веќе долго време се обидува да ја прикрие врската на својот син Некметин Билал Ердоган со екстремистите. Билал, наводно и помага на ИС да ја препродаваат нафтата украдена во Ирак, на што заработува огромно богатство.

За врската на Сумеја и терористите прва собрала храброст да проговори 34-годишна медицинска сестра од Истанбул, мајка на две малолетни деца, која од страв од одмазда не смеела да го каже своето име. Како што открила, едно време работела во воено-медицинската установа во градот Санлиурф и сведочела за тоа да кај неа секојдневно носеле ранети екстремисти.erdogan-turska-vojska-500x333

– Наша задача беше да ги подготвиме болничките соби и салите за операција. Добивав плата од 7.500 долари, но таму не беа свесни на која религија и припаѓам јас. Јас им припаѓам на Алавитите, а нив шиитските муслимани не ги прифаќаат во Турција. Поради тоа бев во постојан страв и не смеев со ништо да се истакнувам, ниту пак да коментирам што се случува во болницата. Иако владата во анкара отсекогаш тврдеше дека се бори против екстремистите, таа имаше големо влијание на случувањата во Сирија – обвинила медицинската сестра.

Што се однесува до Билал Ердоган, тој во Турција важи за успешен деловен човек кој во своја сопственост има неколку компании. Главниот бизнис му е поврзан со трговија со нафта.

– Труција преку синот на Ердоган илегално купува нафта од екстремистите на ИС и им ја продава на азиските земји – пишува „Масдар њуз“.

Инаку Ердоган неколку пати бил обвинуван дека склучил таен сојуз со екстремистите на ИС да не ја напаѓаат неговата земја. меѓутоа, се верува дека нападоит во Суруч е предизвикан бидејќи екстремистите биле разочарани од фактот што државјаните на Труција се организраат да тргнат во обнова на срискиот град Кобанеа, на околу 10 километри од Суруч.

Турските власти ја идентификувале личноста осомничена за бомбашкиот самоубистевн напад во градот Суруч, во близина на сириската граница, во кој загинаа 32 луѓе, а контактите на таа личност се истражуваат – изјавил турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

Тој изјавил дека кабинетот на министрите ги разгледува потенцијалните мерки на безбедност на границата со Сирија и признал дека властите од порано биле запознаени со активностите на терористката.

Во понеделникот, младата девојка самоубец со експлозивен појас на себе, се појавила пред културниот центар „Амара“, каде траел состанокот на младите собрани за идејата да се обнови градот Кобанеа.

Џихадистите на ИС наводно почнале да користат и кокошки како мобилни импровизирани експлозивни направи. Фотографиит еод т.н, кокошки-самоубијци масовно се делат на интернет корисниците кои се за и против ИС, иако нивната автентичност не може да биде потврдена.

Британските медиуми пишуваат дека припадниците на екстремистичката група, кои делуваат во иранскиот град Фалуџа и околу него, наводно врзуваат експлозивен појас на кокошките, кои потоа ги насочуваат да одат во правецот на непријателските кампови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1