Ако одите на одмор во Грција ова се новите цени по ресторани и плажи (Фото)


Со новите цени освен Грците ќе бидат погодени и голем број туристи кои што летово планираат да одмараат таму. Во продолжение проследете како се движат цените низ грчките ресторани и на плажите.
Ако се земат во предвид фотографиите од менијата од ресторани во Грција до кои дојде Нетпрес, тогаш може да се заклучи дека одморот во Грција веќе не е толку евтин, како што беше неколку години наназад.greek-restoran-hrana-foodceni-03
Така цените на пиците во ресторан се движат од 10 до 19 евра, а за скара ќе треба да платите од 6 до 7 евра.Ако за десерт сакате да се почестите со крофни, тогаш за тоа ќе треба да одвоите дополнителни од 3,50 до 5 евра, во зависност од додатокот.Грчкото узо во ресторан се точи по цена од 2,50 евра, а цените на другите алкохолни пијалаци се движат од 6 до 7 евра. Цената на пивото е 3,50 евра.greek-restoran-hrana-foodceni-05

Цените на вината пак одат од 3,50 до 18 евра, а поексклузивните вина се продаваат секако по повисоки цени.
Традиционалните специјалитети, грчкото гиро и суфлаки се продаваат по цена од речиси 3, или поточно 2,80 евра.

Од последната фотографија добро се гледа колку пари ќе треба да одвоите за на плажа. Така една порција сладолед чини 1,50 евра, а храната на плажа ќе ве чини од 2,50 до 6 евра.

Новите цени се должат на повисокото ДДВ што од пред два дена се применува во Грција. Данокот по препорака на кредиторите беше зголемен од 13 на 23 отсто, со што беше предизвикана вистинска лавина од поскапувања во земјата и тоа во екот на туристичката сезона.greek-restoran-hrana-foodceni-02 greek-restoran-hrana-foodceni-04
Освен цените на храната во рестораните, зголемени се и цените на поголем број други производи и услуги.

Низ продавниците во Грција поскапи се некои видови месо, маслото за готвење, кафето, чајот, какаото, оцетот, солта, цвеќето, ѓубривата, дрвата за огрев, пестицидите, хигиенски влошки и кондомите.

Новите даноци ги погодија и услугите во рестораните и кафулињата, погребните услуги, такси превозот, траектите, дополнителните училишта и училиштата за странски јазици.

greek-restoran-hrana-foodceni-06 greek-restoran-hrana-foodceni-05 greek-restoran-hrana-foodceni-04 greek-restoran-hrana-foodceni-03 greek-restoran-hrana-foodceni-02 greek-restoran-hrana-foodceni-01 greek-restoran-hrana-foodceni-07
Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1