Ова е одличен рецепт за еден сосема едноставен освежувач на воздух кој ќе му овозможи на вашиот дом да мириса токму на вашиот омилен мирис, а плус нема да ве чини како скапите освежувачи туку многу помалку.
Потребни ви се:
-Тегла со капак
-Сода бикарбона
-Есенцијално масло со мирис по ваша желба
Наполнете една четвртина од теглата со сода бикарбона.
Врз содата капнете 6-8 капки од вашето омилено есенцијално масло.
Потоа затворете ја теглата со капак на кој претходно сте направиле неколку дупчиња низ кои мирисот ќе се шири низ вашиот дом.