Ердоган: Еден од терористите во Брисел го уапсивме и го екстрадиравме, а Белгијците го ослободија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека еден од напаѓачите во Брисел е лице кое било екстрадирано од Турција, соопшти турската телевизија НТВ.erdogan

– Еден од напаѓачите во Брисел е човек кого го уапсивме во јуни 2015 година во Газиантепе, во југоисточна Турција, и потоа сме го екстрадирале во Белгија. Белгијците, меѓутоа, на крајот го ослободиле посоченото лице, изјави Ердоган.

Според него, и покрај предупредувањата на Турција дека овој човек е странски џихадист, белгиските власти не успеале да утврдат дали лицето е поврзано со терористичка организација.

Турскиот претседател овие податоци ги кажа денеска на заедничка прес конференција со романскиот колега Клаус Јоханис.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1