Евтина струја ќе има до крајот на годината – а потоа …


Евтината тарифа на струјата во сегашниот облик нема да постои. Дали и во кој термин домаќинствата ќе имаат евтина струја ќе зависи од снабдувачот кој ќе го изберат на слободниот пазар кој пак наместо моменталниот период на евтина струја од 14 до 16 часот и 22 до 06 часот наутро ќе може да понуди друг во својот пакет. Ова го предвидува либерализацјата на струја која треба да ја донесе новиот закон за енергетика. Во процесот домаќинставта сами ќе купуваат електрична енергија на слободен пазар.

Од ЕЕЗ ги одобруваат измените во законот за енергетика. Со неговгото воведување на Македонија ќе и бидат повлечени и двете тужби кои на змејава и се отворени заради неисполунање на европските директиви во енергетиката.

Либерализацијата нема да донесе повисока цена на струјата уверуваат надлежните затоа што на пазарот ќе бидат во игра повеќе играчи, кои ќе треба да дадат добри понуди за да привлечат повече клиенти. За да можат државните електрани да се вклопат во целиот процес треба да работат по продуктивно, а тоа според Анѓушев ќе се направи со рестартирање на Осломеј и користење на трите блока од РЕК Битола.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1